Атаман по драмата со Реал: Знам кој провоцира – нека продолжат!

168
Фото: ФИБА

Кошаркарите на Панатинаикос го совладаа Реал Мадрид со 82:81 во драматична завршница на натпреварот одигран во салата ОАКА, а херој на победата беше Грент, донесе триумф.

Тренерот на атинскиот клуб, Ергин Атаман, привлече големо внимание со своите изјави по мечот, најпрво во разговор со новинарите пред соблекувалната, а потоа и на прес-конференцијата.

„Го сакам тоа што медиумите го пишуваат. Само продолжете да пишувате, знам кои медиуми пишуваат. Продолжете понатаму. Уште подобро, уште подобро“, изјави Атаман.

Турскиот стручњак потоа подетално зборуваше за притисокот и односот со медиумите.

„Ако играш и работиш во Панатинаикос, еден од најдобрите клубови во Европа, кој во последните две години беше на Фајнал-фор и кој пред две години ја освои Евролигата, нормално е да има притисок. Тоа е сосема нормално понекогаш. Но сега знам и кој се обидува да провоцира преку медиумите. Разбирам дека некој се обидува да ме испровоцира и причината е очигледна“, рече Атаман.

Тој додаде дека чувствува силна поддршка од навивачите.

„Пред натпреварот, кога излегов на теренот, сите ја видоа љубовта и синергијата меѓу мене и навивачите – 20.000 луѓе. Јас секогаш сум под притисок, не поради тоа што вие го пишувате, туку поради себе. Секогаш сакам да победувам. Во последните пет години трипати ја освоив Евролигата. Ако екипата не игра добро, јас вршам притисок врз себе. Играчите се млади и понекогаш емотивни, тоа е нормално, но знам кој се обидува да нè провоцира. Нека продолжат“, изјави тренерот на Панатинаикос.

Атаман се осврна и на пораката од сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, кој по поразот од Арис во грчкото првенство јавно ги повика тренерите и играчите да поднесат оставки.

„Сите ме прашуваа зошто не одговорив на Инстаграм-објавата на господинот Јанакопулос. Едноставно е: тој е како мене. Понекогаш јас ги напаѓам играчите на прес-конференции, а тој, секако, е сопственик на клубот и нè критикуваше сите нас. Тоа е нормално. Има трпение, сака да победува, вложува труд, вложува пари и има право на тоа. Понекогаш јас сум агресивен кон играчите; тој беше агресивен кон сите нас и беше во право“, рече Атаман.

Турскиот тренер истакна дека тие критики дополнително ја мотивирале екипата.

„Искрено, тоа ме мотивираше. Играчите беа збунети, млади се, но имавме одличен состанок. Им реков да ја заборават осмата ѕвездичка и да се фокусираат на следниот натпревар. Ќе се бориме, но го почитувам господинот Јанакопулос и сакам да му се заблагодарам што ни даде дополнителна мотивација, особено мене“, заклучи Атаман.

 

ПретходноЕве во кои градови би можела да игра Македонија доколку завери место на Светското првенство 2027
СледноКонечно: Канте и официјално во Фенербахче!