Бадел 1862 потпиша Американка која играла во НЦАА-лига

13
Фото: Фејсбук Бадел

Екипата на Бадел 1862 во продолжение на сезоната ќе биде засилена со Американка која играла во НЦАА-лигата. Станува збор Арин Фримен (03.10.2002) која ќе ја потполни бековската позиција.

Арин била дел од тимот на Универзитетот во Илиноис – Чикаго Флејмс.

„Исклучително сум благодарна и среќна што имам шанса да ја започнам мојата професионална кариера во Европа. Возбудена сум што ќе учам и ќе напредувам во и надвор од теренот. Се надевам дека ќе донесам позитивна енергија и ќе ги оправдам очекувањата во секоја смисла на зборот, дефанзивно и офанзивно. Со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот во продолжение на сезоната“, порача Фримен, која ќе се приклучи следната недела.

ПретходноКочов подобар од Јакимовски: Тренто поразен од Хемниц
СледноГолема размена меѓу Далас и Вашингтон: Ентони Дејвис заврши кај Визардс