Зенку од Струга ТЛ потпиша за Хесен-Касел

115
фото: ksvhessen.de

Германскиот четвртолигаш Хесен-Касел е нов клуб на досегашниот фудбалер на Струга ТЛ, Шабан Зенку. 21-годишниот играч од средниот ред веќе го имаше своето деби за клубот на тест-меч со Марбург, по што потпишал договор на 1,5 година со важност до 30 јуни 2027 година.

21-годишниот Зенку практично се врати во својот клуб каде играше се додека наполни 15 години. Потоа беше дел и од младинската академија на Борусија Менхенгладбах, пред да се пресели во Македонија во дресот на Струга ТЛ.

ПретходноОхрид пресилен за Прилеп, деби на Борозан со два гола
СледноКочов подобар од Јакимовски: Тренто поразен од Хемниц