Пионерската женска селекција на Македонија одржа собир во пресрет на настапот на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Косово во периодот од 08 до 15 февруари.
Собирот е дел од подготовките на младите ракометарки за претстојниот меѓународен предизвик, на кој ќе ја претставуваат Македонија и ќе стекнат значајно натпреварувачко искуство.
На поширокиот список на селекторот на женската репрезентација W16 Славиша Димитријески се најдоа 26 ракометарки.











