Сити против Арсенал во големото финале на Карабао Купот

30
фото: Manchester City (X)

Манчестер Сити славеше и во реваншот од полуфиналето на Карабао Купот против Њукасл – 3:1, и заслужено се пласираше во финалето, каде што за трофејот ќе се бори со Арсенал.

Манчестер Сити е во неверојатна победничка серија против Њукасл на својот домашен стадион, откако ги доби претходните 11 натпревари против „страчките“, а го доби и 12-тиот по ред, овој пат во реваншот од полуфиналето на Лига купот.

Патникот до финалето брзо беше решен на „Итихад“. Сити имаше водство од два гола од Њукасл, а кога Мармуш постигна голови во 7-та и 29-та минута, по што веќе немаше дилеми.

Третиот гол за домашните беше дело на Рејдерс, додека за гостите погоди Еланга.

ПретходноИнтер подобар од Торино за место во полуфининалето на Купот
СледноСтоле одбрани пенал, но Валенсија прими гол во 96 минута и заврши со Копа дел Реј (ВИДЕО)