Тиквеш ја продолжи кризата на Работнички, Кожув убедлив во Гостивар

75

Работнички никако да ја преброди кризата. Денеска во натпреварот од 14. коло во домашното првенство, на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, Работнички беше поразен со 85:74. Иако добро го почнаа мечот и отворија со +6 во првите 10 минути, кошаркарите на Работнички дозволија во преостанатиот дел од мечот Тиквеш да се врати комплетно, особено по катастрофалната втора четвртина во која примија 31, а дадоа само 10 поени.

На крајот домашните умешно ја заджаа разликата и и се израдуваа на шестата победа со која се искачија на 8. место на табелата, потиснувајќи го Работнички на 9. позиција.

хокинс и Хенри со по 16 поени беа лидери во домашниот тим, додека кај гостите Рикиќ постигна 20 поени.

По победата над Ангели во минатото коло, кошаркарите на Гостивар повторно им се вратија на поразите. Вечерва на домашен терен, гостиварци загубија од екипата на Кожув со 57:73 со што го претрпеа 11-от пораз оваа сеозна. За екипата на Кожув ова беше осмата победа со која полека напредуваат кон самиот врв на табелата во домашниот шампионат.

Зетов со 16 и Вашингтон со 14 поени беа лидери во составот на гостите, додека кај Гостивар; Димитриевски заврши со 11 постигнати поени.

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром без проблеми против Ангели
СледноОхрид пресилен за Прилеп, деби на Борозан со два гола