Ѓорѓи Христов за FFM Podkast: Голот не е момент, туку карактер! (ВИДЕО)

73
ФОТО:FFM

За некои фудбалери се бројат голови. За некои,  трофеи.

За Ѓорѓи Христов се брои патот.

Од Битола до Вембли.

Од 16-годишен дебитант до играч на вечни дербија.

Од прв Македонец во Премиер-лигата до голгетер што помина низ промашувања, свирежи, повреди и сомнежи. И секогаш се враќаше.

Во оваа епизода не зборуваме за статистика. Зборуваме за моменти што кршат или создаваат фудбалер.

Дали дебито со 16 години е шанса или ризик?

Колку е тенка линијата меѓу херој и отпишан играч?

Зошто го прескокна Вардар и замина директно во Партизан?

Зошто Холандија беше неговото најдобро издание?

И промашениот зицер на последниот меч на стариот Вембли?

Ова е разговор за притисокот на репрезентацијата, за повредите како невидлив противник, за титули што се губат не на табелата, туку во глава и во канцеларии.

И едно клучно прашање: дали првак се станува со талент или со карактер?

Ѓорѓи Христов во FFM Podcast. Четврток во 20:00 часот на официјалните YouTube и Facebook канали на ФФМ.

ПретходноКлубот со кој никој не сака да игра пријателски оваа зима, промовираше две прволигашки засилувања! (ФОТО)
СледноПеп Гвардиола со силен политички говор за Палестина, Украина, САД…