Бутел Скопје со две нови засилувања

105

Екипата на Бутел Скопје во своите редови додаде уште нови засилувања за продолжение на сезоната.

Дресот на Бутел Скопје во иднина ќе го носат левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.
Претходно Бутел Скопје се засили со искусниот Мице Шилегов од Вардар Неготино. Тројцата би можеле да го имаат своето деби на натпреварот со Струга.

 

ПретходноРакометен бум во Европа: Финалниот викенд урна рекорди
СледноКК Гостивар во рацете на градот за подобра иднина!