Винициус се повеќе личи на „старлета“… отвори бутик во Париз заедно со Ким Кардашијан

117

На отворањето на новата поп-ап продавница за брендот на големата ријалити американска звезда Ким Кардашијан „Скимс“ во Париз, Франција, присуствуваше и бразилската фудбалска звезда и член на Реал Мадрид Винициус. Овој настан беше организиран од страна на спортскиот бренд „Најк“ чије што заштитно лице е Винициус, па тој се појави на промоцијата на новиот бутик за гардероба.

Винициус инаку за информација има договор со „Најк“ од негова 13 годишна возраст, и тој годишно заработува осум милиони само од тој „дил“.

Сепак, она што во очите на фудбалските фанатици е секако дека бразилецот се повеќе личи на старлета одколку на фудбалски професионалец, кој што на теренот дава се од себе за да стигне до победа и до посакуваната цел.

ПретходноМаневски оди на операција, Вардар бара замена на левата бековска позиција
СледноХорор пад на тренинг пред стартот на Олимписките игри (ВИДЕО)