Гнабри официјално во Баерн до 2028

16

Тимот на Баерн Минхен го продолжи договорот со еден од своите најдобри играчи Серж Гнабри до 2028 година. Преговорите траеа извесен период, а Гнабри се согласи да остане во Баварија уште минимум три сезони.

Гнабри постигна седум гола и имаше осум асистенции во 26 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, а Баерн има шест бода предност пред Борусија Дортмунд на врвот на Бундеслигата.

Гнабри е дел од баерн од 2017 година кога пристигна од Вердер Бремен и досега има одиграно преку 300 мечеви во дресот на Баварците.

„Среќен сум што ќе играм за Баерн уште неколку години. Преговорите секогаш беа позитивни. Кога почнав во Баерн, никогаш не би помислил дека ќе бидам тука 10 години до крајот на овој договор“, рече Гнабри.

 

ПретходноБензема со хет – трик на дебито за Ал Хилал: Еден гол беше вистинска мајсторија, со пета! (ВИДЕО)
СледноРоналдо на денот кога наполни 41 година повторно го шокира светот!