Маневски оди на операција, Вардар бара замена на левата бековска позиција

667

На крајот на оваа полусезонска пауза, есенскиот првак Вардар се соочува со голем проблем. Стандардниот лев бек, Михаил Маневски ќе мора да оди на операција, поради повреда и ќе одсуствува околу еден месец од терените.

Тоа значи дека Вардар сега има проблем со пополнување на празнината со одуството на стандардниот дефанзивец. Маневски има огромна минутажа сиот овој изминат период, како во домашниот шампионат, така и во европските мечеви, па и во Купот на Македонија.

Сега, на крајот на паузата е тешко да се најде замена за толку кратко време, а Спортспорт дознава дека изборот е следен.

Можно е во следните ден два, нов член на тимот на Вардар да стане македонскиот младински репрезентативец и во моментов член на тимот на Арсими, Џезаир Авдули, кој што има одлична полусезона зад себе, и се избори за статус на репрезентативец во актуелните У21 квалификации.

Од друга страна пак, како можен нов фудбалер во „црвено – црниот“ дрес се споменува и Филип Антовски, некогашниот капитен на У21 репрезентацијата, кој што би направил кам бек во Вардар при таквиот развој на настаните. Антовски веќе во еден мандат го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб, а во моментов е член на Брера.

 

ПретходноЃорческа избори четвртфинале на турнирот во Порто
СледноВинициус се повеќе личи на „старлета“… отвори бутик во Париз заедно со Ким Кардашијан