Фитон Адеми нов член на Лапи

105

Досегашниот играч на тимот на Шкендија, и некогашен македонски младински репрезентативец, Фитон Адеми од денеска е нов играч на прволигашот од Косово, тимот на Лапи.

Напаѓачот е претставен како ново засилување на тимот кој што во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата, но напролет секако има амбиции да биде со подобар статус.

Некогашниот младинец на Шкендија, го носеше дресот и на екипите на Беса Добри Дол, Воска, Струга.

За младинските репрезентации на Македонија одигра десетина мечеви.

 

ПретходноВасоски: Подготовките го дадоа својот ефект, но дуелот против Башкими ќе до даде одговорот
СледноЃорческа избори четвртфинале на турнирот во Порто