Јокиќ го престигна Оскар Робертсон во трилерот во Њујорк (ВИДЕО)

457

Првиот трипл-дабл на Јокиќ по повредата не беше доволен за Денвер, загуби во трилер во Њујорк по две продолженија (134-127).

Србинот постигна 30 поени, имаше 14 скока и 10 асистенции и со овој трипл-дабл го престигна Оскар Робертсон за второто место на вечната листа. Сега имаат по 181 меч со вакво остварување. Јокиќ успеа да дојде со својот 781-ви натпревар, додека „Големиот О“ одигра 1039. Вестбрук е прв со 207 трипл-дабл.

Мареј имаше 39, но фантастичниот Џејлен Бренсон сè засени. Бекот на Никс заврши со 42 поени, девет асистенции и осум скока. Таунс исто така играше добро, со 24 поени и 12 скока, особено затоа што се повреди по удар со глава во првото полувреме.

Резултати: Њујорк – Денвер 134:127 продол, Торонто – Минесота 126:138, Хјустон – Бостон 93:114, Милвоки – Њу Орлеанс 141:137, Сан Антонио – Оклахома 116:106, Сакраменто – Мемфис 125:129, ЛА Клиперс – Кливленд 91:124.

ПретходноСтоле одбрани пенал, но Валенсија прими гол во 96 минута и заврши со Копа дел Реј (ВИДЕО)
СледноКристијано Роналдо во ретко видено издание (ВИДЕО)