Аталанта – Јувентус 3:0 е исходот од вечерашниот меч во Бергамо во четвртфиналето во Купот на Италија. Ова е и највисокиот пораз на Јуве под водство на Лучано Спалети. Па така гигантот од Торино нема да го види полуфиналето, таму е тимот од Бергамо кој вечерва просто ги воодушеви своите домашни фанови.
Скамака во 27.минута од пенал му донесе водство на својот тим. Во овој период Јуве имаше свои шанси, но не успеа да постигне гол, но затоа во второто полувреме тимот на Спалети беше катастрофа.
Во 77.минута Сулемана зголемува на 2:0, а во 85.минута Пашалиќ става точка на овој меч.










