Атанасовска и Јада ќе го носат знамето на Македонија на отворањето на ЗОИ!

50
ФОТО:facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok

Македонската Олимписка делегација е подготвена за нови спортски докажувања на меѓународна сцена. Четири натпреварувачи, шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски како Шеф на делегацијата, попладнево пристигна во Милано.
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано во петок, 6 февруари, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Ќе започне во 20:00 часот по локално време.
Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

ПретходноПродолжува хаосот во Шкупи, новото раководство ги „замрзна“ сите активности! (ФОТО)
СледноБензема со хет – трик на дебито за Ал Хилал: Еден гол беше вистинска мајсторија, со пета! (ВИДЕО)