КК Гостивар во рацете на градот за подобра иднина!

68
Фото: КК Гостивар
Убави вести доаѓаат од таборот на Гостивар, клубот го чекаат подобри денови бидејќи истиот ќе биде целосно под капата на градот. Сето ова значи стабилност и градење на сигурна иднина.
„Кошаркарскиот клуб Гостивар и Општина Гостивар, предводена од градоначалникот Г-дин Валбон Лимани, постигнаа договор со кој Општината официјално станува акционер во клубот.
Овој чекор претставува значајна поддршка за развојот и стабилноста на клубот, како и јасна потврда за континуираната заложба на Општина Гостивар за унапредување на спортот и спортската култура во нашиот град.
Ова не е само договор – ова е порака.
Порака дека клубот има иднина.
Порака дека спортот во Гостивар има институционална поддршка.
Порака дека заедно градиме стабилен, силен и амбициозен клуб за сите!
Со овој чекор отвораме ново поглавје, со поголема одговорност, поголеми цели и уште поголема мотивација да го претставуваме Гостивар онака како што заслужува – со срце, борба и победнички менталитет.
Општина Гостивар секогаш била и ќе остане силен поддржувач на спортот во Гостивар“, се вели во соопштението на Гостивар.
ПретходноБутел Скопје со две нови засилувања
СледноСинер донесе непопуларна одлука пред стартот на ЗОИ