Митрашиновиќ објави дека е време за крај на кариерата!

76

Анџелика Митрашиновиќ објави дека е време за крај на кариерата или за играчка пензија. Имено досегашниот капитен на нашиот национален кошаркарски тим, на своите социјални мрежи објави дека е доста од играње на професинално ниво.

На Митрашиновиќ, која има 32 години, последен клуб и беше Фрибург, а во своето емотивно објавување напомена дека ова не е крај, туку почеток на едно ново поглавје:

По толку години во кошарката, дојде време да се збогувам од професионалното играње. Од дете кое сонуваше, стигнав да го живеам тоа како професионалец. Оваа игра ми го смени животот на начини кои не можам ниту да ги опишам. Ми даваше лекции, незаборавни моменти и второ семејство. Низ жртвувањето, напорната работа, повредите, победите и поразите. Секој чекор ме обликуваше во ова што сум денес. Заминувам со полно срце и бескрајна благодарност. Можеби го соблекувам дресот, ама љубовта кон играта останува. Ова не е крај, туку почеток на ново поглавје“, напиша Митрашиновиќ.

ПретходноРоналдо на денот кога наполни 41 година повторно го шокира светот!
СледноУжас:Почина навивачот на тимот на Чурлинов кој падна од трибина на денешниот меч со Бешикташ! (ФОТО)