Нено одличен во победата на Баерн, Партизан го декласира Панатинаикос! (ВИДЕО)

142
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Нашиот најдобар кошарка Ненад Димитријевиќ, вечерва имаше уште едно одлично издание во Евролигата. Во меч од 27.коло, Македонецот заедно со својот Баерн и тоа дома во Минхен, успеаја да слават против составот на Монако со 91:82.

Нено во игра беше 15 минути, а забележа 11 поени, два скока и три асистенции.

Ова беше 12-та победа на германскиот состав.

Ако во минатото коло Партизан кај Макаби загуби веќе добиен меч, вечерва во Арената во Белград цехот го плати Панатинаикос, веројатно еден од најсилнтите тимови во Евролиогата, но и тим кој е во криза.

Црно – белите“ просто го декласираа тимот од Атина со 78:62.

Ова е само деветтата победа на Партизан. Во составот на гостите, “Македонецот“ Ти-Џеј Шортс забележа 21 поени.

Инаку на овој меч се случи и скандал. Имено гостинскиот кошаркар Рогкавопулос го нокаутира домашниот кошаркар.

На останатите мечеви Дубаи на свој терен го совлада Реал Мадрид со 93:85.

ПретходноУжас:Почина навивачот на тимот на Чурлинов кој падна од трибина на денешниот меч со Бешикташ! (ФОТО)
Следно“Бомба“: Меси се враќа во Барселона?!