Јаник Синер досега во својата кариера не предизвикуваше омраза кај љубителите на тенисот, и покрај контроверзиите што го следеа.
По допинг-скандалот, втората контроверза беше одлуката да не настапи на Дејвис купот во Болоња минатата есен.
Можеби единствената „казна“ што ја доби од Италијанците беше тоа што не беше прогласен за најдобар спортист на својата земја, иако некои резултати беа очигледни.
Сега донесе уште една одлука што нема да им се допадне на некои. Како што пишува „Газета дело спорт“, Синер решил да ја прескокне церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, за чиј амбасадор беше избран минатата година.
Дури се зборуваше дека би можел да го носи олимпискиот факел.
„Сигурен сум дека ќе има фантастична атмосфера. Ќе се натпреваруваат многу Италијанци, особено од Јужен Тирол. Тоа е убаво бидејќи сме малку, но сепак сме добро познати во нашите спортови. Ќе биде убаво да ги гледаме“, ги пренесува „Газета“ зборовите на Синер, кој токму потекнува од тој дел на Италија.
Јаник Синер за десетина дена ќе настапи на турнирот од серијата 500 во Доха, каде веројатно сака да се фокусира и да го поправи впечатокот од Австралија.










