Ѓорческа избори четвртфинале на турнирот во Порто

115

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа попладнево во мечот од второто коло ја совлада Германката Настасја Шунк со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (6)) за 98 минути игра.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше комплетна доминација и со два брејка поведе со 4:1 во гемови, а до крајот успеа да ја задржи предноста и сетот го доби со 6:2 во гемови. Во вториот сет имаше поголема неизвесност. Ривалката поведе со 4:2 во гемови, но Ѓорческа направи серија од три гема и сервираше за победа, но сепак сетот „отиде“ во тајбрејк откако Ѓорческа не искористи меч топка во дванаесеттиот гем. Во тајбрејкот Ѓорческа имаше постојано водство и тајбрејкот го доби со 8:6 на поени.

Утре во четвртфиналето ќе игра со првата носителка првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која со 2-0 во сетови ја совлада Американката Рашида Мек Аду.

ПретходноФитон Адеми нов член на Лапи
СледноМаневски оди на операција, Вардар бара замена на левата бековска позиција