Фаворитите го минаа претколото во Купот на ОФМ 2026

24
фото: ОК Фламинго Волеј Скопје / OK Flamingo Volley (FB) Skopje

Фаворитите без поголеми проблеми го потврдија своето место во осминафиналните и четвртфиналните дуели од новото издание на Купот на ОФМ за 2026 година. И во двете конкуренции деновиве се играат натпреварите од претколото, кое треба да заврши со уште по неколку дуели кои се закажани во текот на оваа и следната недела.

Кај мажите, екипте на Сушево и Шкендија со максимални 3:0 славеа над Скопје и Македонија џио, додека Лирија дозволи да загуби сет на домашен терен на мечот со екипата на Весна Пробиштип.

За следната недела е закажан дуелот меѓу екипите на Универзитет во Тетово и Јанта Волеј.

Кај девојките, Борец успеа да слави со максимален резултат над Виктори волеј, а малку повеќе работа имаа Фламинго Волеј и Ново село кои загубија по еден сет. Убедлив настап имаше и екипата на Виола Волеј, која со 3:0 славеше против тимот на Јанта Волеј Бутел. И во оваа конкуренција останува да се доиграат уште два меча од претколото.

КУП НА ОФМ 2026 МАЖИ

ПРЕТКОЛО:

Сушево – Скопје        3:0

Лирија – Весна Пробиштип  3:1

Шкендија – Македонија Џио       3:0

Уни во Тетово – Јанта Волеј 11.02.26 – 19:00ч.

КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ

ПРЕТКОЛО:

Фламинго Волеј – Шкупи      3:1

Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј         0:3

Ново Село – Куманово         3:1

Борец – Виктори Волеј         3:0

Форца Волеј ЕМА – Бами Кор денеска – 17:00ч.

Вардар жени – Уни во Тетово 10.02.26

ПретходноАдеми го облекува дресот на Љапи
СледноПријателска: Тетекс подобар од Тиквеш