Адеми го облекува дресот на Љапи

116
ФОТО: KF Skendija/FB

Досегашниот фудбалер на Шкендија, Фитон Адеми во вториот дел од сеозната ќе го носи дресот на косовскиот прволигаш Љапи. Иако медиумите најавуваа дека 23-годишниот напаѓач ќе ги засили редовите на косовскиот првак Балкани, сепак, негов нов клуб ќе биде седмопласираниот по првиот дел од сезоната, ФК Љапи.

Во првиот дел од сеозната во нашата Прва лига, Адеми одигра 15 натпревари на кои постигна четири гола. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија како слободен фудбалер замина на Косово.

ПретходноМладите кошаркари ги добија противниците за претстојните европски првенства
СледноФаворитите го минаа претколото во Купот на ОФМ 2026