Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди имаше одличен настап во дресот на Коњаспор денеска во натпревар од турскиот куп, каде неговиот тим беше убедлив на домашен терен против екипата на Алиага со 5:0.
Барди влезе во игра во второто полувреме при резултат 3:0 за Коњаспор, по што успеа да погоди во 81. минута за предност од 4:0. Ова е неговиот прв гол за турскиот клуб од почетокот на годинава.
🚀 Konyaspor, Aliağa FK karşısında 81. dakikada Enis Bardhi’nin şık golüyle skoru 4-0 yaptı. #ZTK pic.twitter.com/9TQJQ3TR9I
— A Spor (@aspor) February 5, 2026










