Бензема со хет – трик на дебито за Ал Хилал: Еден гол беше вистинска мајсторија, со пета! (ВИДЕО)

110
ФОТО:facebook.com/AlhilalFC/

Едноставно кој си знае и дефинитивно си знае. Така и Карим Бензема кој вечерва на дебито за Ал Хилал постигна хет – трик, а еден од тие три гола беше вистинска мајсторија со оглед на тоа дека го постигна со пета.

Бензема на гостувањето на Ал Хилал кај Окход, стрелаше во 31. минута, потоа во 60. и 64. И при резултат 0:4 за неговата екипа, мега – ѕвездата беше изваден од игра,немаше потреба од ништо повеќе од него.

Инаку крајниот резултат беше 0:6 за Ал Хилал. Со оваа победа новиот тим на Карим Бензема и натаму е лидер на табелата во елитната лига на Саудиска Арабија и сега веќе најголем фаворит за освојување на титулата.

ПретходноАтанасовска и Јада ќе го носат знамето на Македонија на отворањето на ЗОИ!
СледноГнабри официјално во Баерн до 2028