На повидок нов тениски скандал: Дојде до клупата, погледна во телефонот и го загуби мечот! (ВИДЕО)

887

Нов голем скандал е на повидок во светскиот тенис, по она што се случи за време на натпреварот од турнирот во Монпелје од серијата АТП 250. Во него главен актер беше францускиот тенисер Уго Умберт, чие сомнително однесување во финишот на мечот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Имено, инцидентот кој го забележаа и камерите се случи во осминафиналниот натпревар против неговиот онародник Адриан Манарино, која во решавачкиот трет сет (при резултат 1:1 во сетови), Умберт водеше со 4:3 во гејмови и имаше целосна контрола. Сепак, токму тогаш, Французинот направи необичен потег: се упати кон клупата, го провери својот телефон, а потоа се врати на теренот. Од тој момент натпреварот доби сосема поинаков тек. Умберт на крајот загуби во тај-брејкот со 7:4.

По мечот почнаа теориите дека нешто чудно се случи со Умберт откако го провери телефонот. Засега нема официјално објаснување за целата ситуација.

ПретходноПријателска: Пелистер убедлив против Преспа
СледноБарди со прв гол во новата година во дресот на Коњаспор (ВИДЕО)