Страшна, ужасна вест од Турција вечерва. Имено починал навивачот на Коџаелиспор, Харда Качмаз кој денеска на куп средбата против Бешикташ падна од трибина.
Прво беше пренесена веста за овој инцицент, а потоа и дека фанот на клубот за кој настапува нашиот репрезентативец, дека починал.
Оваа вест ја потврди и самиот Коџаелиспор.
Инаку мечот со Бешикташ, на кој настапи и Чурлинов, заврши со резултат 1:1.










