Фантастично деби на Лукман: Атлетико Мадрид со “петка“ го “поздрави“ Бетис во Копа дел Реј!

72
ФОТО:facebook.com/AtleticodeMadrid/

Атлетико Мадрид на убедлив начин се пласира во полуфиналето на Кралскиот Куп откако оствари величествена победа на гостувањето кај Бетис во Севиља, славејќи со резултат од 5:0 на дебито на Адемола Лукман.

Во дербито на 1/4 финалето во Копа дел Реј, малкумина очекуваа дека тимот на Диего Симеоне ќе излезе на крај толку лесно против тим кој не загубил во Севиља од почетокот на годината. Иако на крајот на октомври славеа на гостински терен против Бетис, Атлетико вечерва изгледаше уште поубедливо отколку што беше случај пред неколку месеци. На гостите од главниот град им беа потребни само 12 минути за да поведат, а Давид Ханко беше стрелец откако брилијантно скокна на првата статива по корнерот што го изведе капитенот Коке. Веќе по половина час игра, предноста на Атлетико беше удвоена кога Џулијано Симеоне круниса одлична акција во која учествуваа Матео Руџери и Адемола Лукман. До крајот на полувремето, меѓу стрелците беше и некогашниот голгетер на Аталанта, бидејќи седум минути по вториот гол на Атлетико, тој направи вистински дар-мар во одбраната на Бетис, зголемувајќи ја предноста на на огромни 3:0. Убедливата предност по првото полувреме не го успа тимот на Симеоне, кој стигна до четвртиот гол во средината на второто полувреме. Стрелец во 62-та минута беше Антоан Гризман по асистенција на Лукаман, кој несебично му намести на соиграчот во моменти кога можеше самиот да ја заврши акцијата. Во 83-та минута Тијаго Алманда ја зголеми предноста на Атлетико на огромни 5:0, што се покажа како конечен резултат на еден од најдобрите натпревари на мадридскиот гигант од почетокот на сезоната.

ПретходноАталанта го растури Јуве и се пласира во полуфиналето во Купот на Италија!
СледноЛестер ги прекрши финансиските правила и му се одземаат шест бодови