Халанд го навлече гневот на навивачите на Сити: За плата од 100 милиони….

833
ФОТО: Manchester City/FB

Навивачите на Манчестер Сити жестоко го критикуваа напаѓачот Ерлинг Халанд откако тимот на Пеп Гвардиола со убедлива победа над Њукасл обезбеди финале во Карабао купот, и тоа без голови од својата норвешка ѕвезда. Со предност од 2:0 од првиот натпревар, Сити во реваншот славеше со 3:0.

Манчестер Сити го почна натпреварот против Њукасл со Халанд на клупата и многу брзо го реши прашањето за победникот. Сити со вкупни 5:1 обезбеди финале на Карабао купот на „Вембли“ против Арсенал. Халанд влезе во игра во второто полувреме, но не успеа да ја прекине слабата серија и сега има само еден гол на последните осум натпревари во сите натпреварувања.

Навивачите брзо реагираа на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека Сити е подобар тим без својот најдобар стрелец.

„Нашиот пресинг е подобар без Халанд. „Се гледа колку играме подобро меѓу линиите без тој норвешки напаѓач“. „Искрено, веќе не знам како се чувствувам за Халанд. Го сакам, но имам чувство дека играме многу подобро без него.“

„Пофлексибилни сме кога некој што не се вика Халанд игра во шпицот… тоа се основи на фудбалот кога играш без класична ‘деветка’“

„Халанде, ако сакаш да ги носиш своите 40 гола против послаби тимови и плата од 100 милиони годишно некаде на друго место — слободно!“

Гвардиола за голгетерската криза на Халанд
Пеп Гвардиола се осврна на недостигот од голови кај Халанд и објасни зошто смета дека неговиот напаѓач се мачи:

„Фала му на Бога што го имаме Ерлинг во тимот, сега и цела сезона. Среќни сме што е со нас и без него немаше да бидеме таму каде што сме денес.

Тој ни носи многу и станува сè подобар во многу работи. Има многу натпревари, ова е неверојатно тежок период. На секои три дена има нов меч, опоравувањето е пократко поради патувањата, условите се тешки, а стоперите силни. Не е лесно, но ќе се врати.“

ПретходноЕвропската Унија со жолт картон за Инфантино и ФИФА!
СледноРакометен бум во Европа: Финалниот викенд урна рекорди