Александар Петровиќ не е веќе тренер на Гостивар!

197

Гостивар остана без тренер во пресрет на утрешниот дуел со МЗТ Скопје. Имено Александар Петровиќ и раководството на клубот се договориле да ја прекинат соработката, која траеше од ноември коха искусниот стратег седна на клупата на гостиварци со што го наследи Љупчо Малинков.

Петровиќ имаше успешно деби, го победи Пелистер, но затоа на следните седум натпревари доживеа шест порази и затоа овој тим сега се наоѓа во долниот дел на табелата.

Се говори дека Петровиќ ќе го преземе тимот на Константин од Ниш.

За тоа кој ќе го води Гостивар на утрешниот меч со МЗТ Скопје, но за тоа ќе треба да се почека на одлуката на раководството на клубот.

ПретходноАфродита Салихи: Гордо го носев дресот на Македонија! Бев премногу разочарана, од ЖФК Кочани не добив никаква помош – сама ја платив операцијата!
СледноШошкиќ со нов блесок во ЦАА-лигата