Николов: Прекрасно е чувството пак да се биде во Вардар!

233

Бобан Николов одново е во Вардар. Откако беше дел од онаа златна генерација на нашиот најтрофеен клуб која во 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа, искусниот играч за врска оваа зима повторно е дел од “црвено – црните“. Секако дека со Николов во тимот, есенскиот првак и тоа е посилен во пролетната битка за трофејот во ПМФЛ.

Николов веќе почна со тренинзи, а за тоа како се чуствува кога е одново во Вардар, тој искоментира:

Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја усполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа. Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата, затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно“

ПретходноИГРАЈ ОДГОВОРНО: АКТИВНО СЕ РАБОТИ НА НОВО СОВЕТУВАЛИШТЕ ВО РАДОВИШ
СледноСтруга ТЛ одигра 1:1 на “генералката“ со Охрид!