Познати се и сатниците: Распоред на натпреварите од Купот “Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово

77

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ од 13. до 15. февруари ќе се реализира во спортската сала во Куманово.

Во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директен пренос од натпреварите, одредени се и сатнините за одигрување на натпреварите од „Фајнал-ејт“ турнирот во Куманово.

На првиот натпреварувачки ден, 13. февруари (петок), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари.

Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на ТФТ и Феникс 2010.

Од 14.30 часот, следува натпреварот кој привлекува и најголемо внимание во македонската кошаркарска јавност. Ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Од 17. часот, на распоредот е мечот Маџари-Кожув, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат Пелистер и домаќинот на турнирот, МКК Куманово.

Наредниот ден, 14. февруари (сабота), на програмата се двата полуфинални натпревари.

Првото полуфинале е закажано за 17.часот (ќе играат подобрите од средбите ТФТ-Феникс 2010, односно МЗТ Скопје Аеродром-Работнички), а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч (победниците од натпреварите Маџари-Кожув и МКК Куманово-Пелистер).

Недела, 15.февруари, е резервирана за финалниот натпревар. со почеток од 19. часот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2026 – КУМАНОВО

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

13. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)

14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)

17.00: Кожув – Маџари (3)

19.30: Пелистер – МКК Куманово (4)

14. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

17.00: Победник 1 – Победник 4

19.30: Победник 2 – Победник 3

15. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Финале

*Сите натпревари ќе се играат во Спортската сала во Куманово

**Во соработка со Македонската радио телевизија, предвидени се директни преноси од натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2026

ПретходноЦветковиќ:„Вардар е најголем клуб, не само во Македонија“!
СледноПеп одговори на критиките:“Кога се убиваат невини луѓе, јас го осудувам тоа“!