Амар Хусеиновиќ прв на терен од македонските тенисери во дуелот против Кипар

60
Фото: mtftennis.mk

Во Никозија денеска беа одредени двојките за мечот од Дејвис купот од Втората Светска зона меѓу Македонија и Кипар. Во првиот меч за македонската репрезентација ќе настапи Амар Хусеиновиќ, а негов противник ќе биде Мелиос Ефстатиу. Во вториот меч Стефан Мицов за ривал го има Фотос Фотиадес. Овие мечеви се играат утре (сабота) со почеток во 10 часот по македонско време е први меч.

Во недела на програмата се три меча, а стартуваат двојките. За македонскиот тим се пријавени Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов, а за Кипар Ефстатиу и Елефтериос Неос. Во продолжение се предвидени другите два сингл меча: Мицов – Ефстатиу, а последен на програмата е мечот Хусеиновиќ и Фотиадес.

Мечевите и во недела почнуваат во 10 часот по македонско време, а сите дуели се играат во два добиени сета.

ПретходноСаудиската лига упати остро предупредување до незадоволниот Кристијано Роналдо
СледноАфродита Салихи: Гордо го носев дресот на Македонија! Бев премногу разочарана, од ЖФК Кочани не добив никаква помош – сама ја платив операцијата!