Фудбалерите на Лидс ја совладаа екипата на Нотингем Форест со 3:1 во вечерашниот дуел од англиската Премиер Лига. Овие две екипи ја имаа честа да го отворат 25-тото коло и дефинитивно не разочараа.
Лидс направи опиплива предност уште во првото полувреме откако за само 4 минути Бога и Окафор донесоа убаво водство за домаќините. На стартот на вториот дел Калверт Луин постигна гол во 49-тата минута и стави точка на натпреварот. До крајот на мечот гостинските фудбалери се обидуваа да се наметнат и да постигнат почесен погодок, а тоа се случи дури во 86-тата минута кога Лука ја затресе мрежата на Лидс.
Со оваа победа Лидс се одвои од опасната зона и во моментов се наоѓа на 16-тата позиција со 29 бода, а Нотингем Форест е на 17-тото место со 3 бода помалку.










