Секако убава вест од Порто. Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа успеа со 2:0 во сетови да ја победи Деспина Папамихаил од Грција и со тоа да избори пласман во полуфиналето на турнирот во овој португалски град.
Во првиот сет се водеше голема борба, но сепак Македонката успеа да го добие со 7:1 во тајбрејк. Во вториот сет Лина Ѓорческа ја искажа сета своја класа и успеа со 6:3 да го добие и овој сет, но и да стави точка на овој меч кој траеше речиси два часа.










