Пеп одговори на критиките:“Кога се убиваат невини луѓе, јас го осудувам тоа“!

36
Фото: Манчестер Сити Х

Пеп Гвардиола одговори на критиките што ги доби откако коментираше за глобалните конфликти во светот. Менаџерот на Манчестер Сити беше вербално нападнат од Еврејскиот совет на Манчестер за неговите изјави, но не се двоумеше да ја брани својата позиција.
Во официјално соопштение, Еврејскиот совет на Манчестер остро го критикуваше тренерот на „граѓаните“ за неговиот коментар даден пред неколку дена во врска со Палестина, Украина, САД…
„Гвардиола е фудбалски тренер и треба да биде повнимателен со својот јазик. Иако неговите хуманитарни мисли се добронамерни, тој треба да се концентрира на фудбалот. Манчестер Сити страда од фактот што Гвардиола постојано интервенира со коментари за меѓународни прашања. По втор пат за една недела, тој одлучи да ги изрази своите контроверзни ставови за конфликтот на Блискиот Исток“, се вели во соопштението.
Според организацијата, коментарите на Гвардиола не се само несоодветни, туку и штетни за имиџот на клубот.
Денеска, за време на прес-конференцијата пред дербито со Ливерпул во Премиер лигата, Гвардиола го даде својот став и одговори директно на нападите.
„Да бидам искрен, не реков ништо конкретно. Се прашувам себеси: „Зошто да не го изразам она што го чувствувам, само затоа што сум тренер?“ Не се согласувам со тоа, но апсолутно ги почитувам сите мислења. Она што го реков беше поврзано со бројот на конфликти што моментално постојат во светот. Колку ги има? Многу, нели? Ги осудувам сите. Кога се убиваат невини луѓе, го осудувам тоа“, цврсто изјави шпанскиот специјалист.

ПретходноПознати се и сатниците: Распоред на натпреварите од Купот “Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово
СледноИма 15 години а висок е 231 см! Дали тој ќе биде највисокиот кошаркар во историјата?!