Свечено отворање: Македонските олимпијци го развиорија македонското знаме на ЗОИ 26

83

Зимските олимписки игри вечерва и официјално се отворени. Во Милано и Кортина вечерва продефилираа над 2800 натпреварувачи од 93 земји учеснички на најголемиот спортски собир на зимски спортови.

Македонската делегација во чии редови се алпските скијачи Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордицјците Ставре Јада и Ана Цветановска вечерва продефилираа со македонското знаме од три локации.

Треба да споменеме дека на овие Зимски олимписки игри три земји ќе го имаат своето деби, а тоа се Бенин, Гвинеја-Бисао и Обединетите Арапски Емирати.

Италијанската пејачка Лаура Паузини ја изведе италијанската национална химна на воодушевување на сите присутни на Сан Сиро, а главната ѕвезда на вечерта, легендарната Мараја Кери, пристигна на сцената и го изведе хитот „Воларе“.

ПретходноПроблем пред дуелот со Данска: Муслиу се повреди
СледноНекогашната ѕвезда на Реал се пресели во САД