Таткото на Рафа Леао сними спот посветен на Кристијано Роналдо! (ВИДЕО)

41
ФОТО:Screenshot: YouTube

Ете, и тоа го има во светот на фудбалот, поточно во светот на шоу – бизнисот. Франк Леао. Ова е уметничкото име на Антонио, таткото на Рафаел Леао, ѕвезда на Милан и португалската репрезентација. Франк снимил видео за песна за Кристијано Роналдо. Тој го снимил видеото на Мадеира, родниот остров на најпознатиот португалски играч, и го објавил по повод 41-виот роденден на Роналдо, кој беше вчера.
Франк Леао ја пее песната на три јазика: португалски, англиски и киконго. Вториот е еден од официјалните јазици на Ангола. Франк Леао објаснува дека со оваа повеќејазична комбинација сакал да „ги истакне своите културни корени како уметник“.
Во видеото, тој пее ода за Роналдо низ неговиот роден град Фуншал, а во видеото е придружуван од танчери облечени во дресовите на клубовите за кои играл Роналдо за време на неговата кариера. Снимките се менуваат додека тие и Франк танцуваат заедно и одделно на клучни локации во Фуншал, пред статуата на Роналдо, во музеј посветен на неговите успеси и на фудбалското игралиште каде што почнал да игра.

ПретходноДарко Велковски: “Вардар мене ми помогна, сега е ред јас да му помогнам!“
СледноУште едно одлично издание на Сноуборд Куп на Македонија