УЕФА додели службени победи за Белорусија, за Естонија и Литванија ќе има санкции

165
ФОТО: UEFA.COM

Европската фудбалска конфедерација (УЕФА) изрече казни за женските репрезентации на Естонија и Литванија до 17 години поради одбивањето да играат натпревари против нивните белоруски колеги во квалификациите за Европското првенство.

„Поради одбивањето на Естонската фудбалска федерација и Литванската фудбалска федерација да учествуваат во квалификациските натпревари за Европското првенство за жени до 17 години против репрезентацијата на Белорусија, Комисијата за контрола, етика и дисциплина на УЕФА пресуди дека натпреварите ќе бидат регистрирани со службен резултат од 3:0 во корист на Белорусија. Деталите во врска со преостанатиот натпревар меѓу репрезентацијата на Белорусија до 17 години и нивните малтешки колеги ќе бидат објавени подоцна“, се вели во соопштението на Белоруската фудбалска федерација.

ПретходноШкупи повторно без тренер: Мурсели си замина од Чаир
СледноПроблем пред дуелот со Данска: Муслиу се повреди