Според сите прогнози Стефан Цветковиќ (28) е големо засилување во нападот на Вардар. Интернационалецот од Србија треба да го замени Роџерс Мато, има играно за неколку познати клубови во неговата земја, бил дел од младинската школа на Ц. Звезда, се ова говори дека тој би требало и тоа како да му помогне на својот нов тим во пролетната битка за двата тродфеи, во првенството и во Купот на Македонија.
„Луѓето во клубот ме побараа да дојдам овде и благодарам што покажаа дека веруваат во мене, а јас ќе се трудам да им вратам со партии на теренот и да помогнам. Вардар е најголем клуб не само во Македонија, туку и во регионот. Тоа ме привлече, ќе дадам се од себе да дојдам првак. Доаѓам на позиција на играч кој беше најдобар стрелец и се надевам ќе успеам да го надополнам неговото отсуство. Македонската лига сум ја прател порано, знам за каква лига се работи. Тоа е нешто како Суперлигата на Србија каде доаѓам и се надевам дека брзо ќе се прилагодам на сите услови“ истакна Цветковиќ.















