Шкупи повторно без тренер: Мурсели си замина од Чаир

109

Човекот под чија палка екипата а Шкипи ја почна зимската подготовка за вториот дел од сезоната, денеска објави дека си заминал од Чаир. Еркан Мурсели потврди дека си замина од кормилото на клубот и чаирчани ќе мора да бараат нов тренер.

„Како главен тренер на фудбалскиот клуб Шкупи јавно ја објавувам оставка од оваа позиција. Мојата одлука доаѓа како резултат на неодамнешните случувања и несаканите движења кои се случуваат во клубот. Би сакал да нагласам дека оваа задача ја прифатив само од љубовта и почитта што ја имам кон Шкупи, давајќи го мојот професионален и човечки максимум, без да имам никаква придобивка. Во овие околности, сметам дека е невозможно да се продолжи соработката. На клубот му посакувам стабилност, јасност на лидерството и успеси во иднина“, напиша Мурсели на социјалните мрежи.

Шкупи веќе во вторник во Кавадарци се среќава со Тиквеш.

ПретходноЕлези погоди уште на првиот меч за Сараево оваа пролет (ВИДЕО)
СледноУЕФА додели службени победи за Белорусија, за Естонија и Литванија ќе има санкции