Шкупи ќе му биде домаќин на Тиквеш во Кавадарци!

176
ФОТО: FC Shkupi/FB

Сега е и официјално. Мечот од првото пролетно или 17.коло во тековната сезона меѓу Шкупи и Тиквеш, ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци. Познато е дека стадионот на Чаир е под суспензија, па така одлучено е овој меч фудбалерите на Шкупи да го играат во Кавадарци без разлика што Тиквеш е од овој град.

Веројатно првпат во својата историја кавадаречкиот клуб во својот град, на својот стадион ќе биде гостин на еден официјален меч.

Инаку овој меч се игра во вторник со почеток од 14 часот, како и средбата Шкендија – Струга ТЛ (14 ч)

Во среда играат Вардар – Арсими (13 ч) и Силекс – Башкими (14 ч), а во четврток се играат мечевите Пелистер – Работнички (14 ч) и Брера – Македонија ЃП (13 ч).

ПретходноТФТ го “скрши“ Чаир за продолжување на победничката серија
СледноИГРАЈ ОДГОВОРНО: АКТИВНО СЕ РАБОТИ НА НОВО СОВЕТУВАЛИШТЕ ВО РАДОВИШ