Дарко Велковски: “Вардар мене ми помогна, сега е ред јас да му помогнам!“

157

Кога еден репрезентативец на Македонија ќе дојде или поточно ќе се врати во твојот клуб, тоа секако дека е големо засилување за тебе. Така и со Дарко Велковски кој одново е во “црвено – црниот“ табор, во тимот на Вардар.

Јасно е дека стратегот Гоце Седлоски, а и фановите на нашиот најтрофеен клуб, очекуваат од Велковски многу добри игри во пролетниот дел.

За се ова самиот Велковски истакнува:

Во моментов Вардар мене ми помогна, а јас ќе му помогнам и на Вардар сигурен сум во тоа. Во последни година и пол не бев како што треба, доста мечеви имав пропуштено и се надевам тука ќе го фатам ритамот. Колку можам ќе придонесам. Имаме добра екипа за македонскиот шампионат, ако сме како што треба знам дека ќе ја освоиме титулата. Повеќето играчи ги познавам, неколку странци не ги познавам, а од македонските играчи запознаен сум со нив. Ми треба неколку дена да се спремам, па ќе видиме што ќе биде понатаму. Се надевам на голема минутажа, а целта до крајот на оваа сезона се знае, прво место и Куп-титула, потоа и настап во Европа“.

ПретходноИма 15 години а висок е 231 см! Дали тој ќе биде највисокиот кошаркар во историјата?!
СледноТаткото на Рафа Леао сними спот посветен на Кристијано Роналдо! (ВИДЕО)