Не се сеќаваме на толку лош настап на Лука Дончиќ. Неговите Лос Анџелес Лејкерс ја победија Филаделфија со 119:115, а тој постигна само 10 поени со 4 скока и 2 асистенции.
Причината за овој учинок е повреда со која се здоби пред крајот на првото полувреме. Проблем со левата нога, го заврши натпреварот предвреме и сега чека на магнетна резонанца.
Словенецот почувствува голема болка по пробивот во кој се судри со Адем Боно, а соиграчот Џек Ларавија го испрати надвор од теренот. Дончиќ беше многу фрустриран и се виде дека викаше и мавташе со рацете додека го напушташе теренот и влегуваше во соблекувалната.
Luka Doncic kicked the scorers table after injuring his hamstring
(Via: _MichaelMorales10/IG)pic.twitter.com/S8x8l8rEXR
— Fullcourtpass (@Fullcourtpass) February 6, 2026
„Почувствува болка во задниот ложа. Во моментов не чувствуваме дека е доволно добар за да се врати на теренот, па го оставивме на клупата. Ќе снимаме и ќе видиме, прерано е да се каже нешто“, рече Џеј Џеј Редик по натпреварот.
Џоел Ембиид постигна 35 поени со 7 скока и 7 асистенции. Остин Ривс постигна 35 поени со 6 скока за Лејкерси, додека Леброн Џејмс имаше дабл-дабл од 17 поени и 10 скока. Тајрис Макси запиша дабл-дабл за Филаделфија со 26 поени и 13 асистенции.
НБА: Орландо – Бруклин 118:98, Детроит – Вашингтон 117:126, Торонто – Чикаго 123:107, Атланта – Јута 121:119, Хјустон – Шарлот 99:109, Далас – Сан Антонио 123:135, ЛА Лејкерс – Филаделфија 119:115, Феникс – Голден Стејт 97:101.










