Футсал: Хисејини го објави списокот на играчи за натпреварите со Австрија

135
ФОТО:FFM.MK

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Газменд Хисејини го објави списокот на играчи кои се во комбинација за претстојните два контролни дуели против селекцијата на Австрија што ќе се одиграат во Гевгелија.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 16 фудбалери и со овие две средби почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

СПИСОК НА ИГРАЧИ

  1. Антонио Петровски – КМФ Проект
  2. Иван Стојановски- КМФ Кеги Моби
  3. Бојан Јанев – КМФ Проект
  4. Таулан Исмаили- КМФ Балкан
  5. Марио Благојевски- КМФ Проект
  6. Никола Анчевски- КМФ Проект
  7. Јасир Зекири- КМФ Форца
  8. Игор Леовски-Луценец Словачка
  9. Тони Киревски- Олмиссум Хрватска
  10. Јакуп Рамадани – Дреница Косово
  11. Берат Рамадани
  12. Иван Крстевски- КМФ Форца
  13. Садат Зибери- ATLETICO CONEGLIANO C5 -Италија
  14. Самир Вејсели- ATLETICO CONEGLIANO C5 -Италија
  15. Ѓорги Коцевски – КМФ Проект
  16. Ангел Гаштев- КМГ Кеги Моби

Натпреварите против репрезентацијата на Австрија ќе се одиграат во салата на СЦ 26 Април во Гевгелија на 10 и 11 февруари, а почетокот е закажан за 18 часот.

Македонија во квалификациите е дел од Ц групата во која партиципираат уште Литванија, Турција и Бугарија. Домаќин на турнирот што ќе се одигра во периодот од 6 до 16 април е Литванија, а пласман во главната рунда обезбедуваат освојувачите на првите две места.

ПретходноШошкиќ со нов блесок во ЦАА-лигата
СледноВардар 1961 на терен после паузата – гостин е Куманово