Алкалоид според планот, деби победа за Алушовски, ГРК Тиквеш сигурен

117

Без изненадување и на последните три меча од 19-то коло во Супер-лигата.

Алкалоид ја оправда улога на фаворит против Пролет, на домашен терен славеше со 37-29 (17-14). За тимот од Автокоманда ова беше 14-ти триумф сезонава, а новите два бода го оставија на делба на третото место со ГРК Охрид.

Дамјан Митев испорача 10 гола кај победникот, додека новото засилување Филип Николов имаше шест погодоци. Иван Галевски беше одличен на голот со 13 одбрани. Кај гостите Димовски имаше осум гола.

Братското дерби во Битола мина во знакот на поискусните, Пелистер славеше со против Пелистер 2 со 39-24 во дебито на новиот стратег Стевче Алушовски. И тука немаше дилеми околку крајниот победник, мечот беше речен после првото полувреме во кое актуелниот првак имаше предност од 19-11. Радивојевиќ имаше 9 гола кај првакот.

Тиквеш го запиша 10-от триумф, откако без проблем го совлада составот на Радовиш so 44-23, во меч кој се играше во салата „Јасмин“. Стојановски со 10 гола и Симиќ со 9 беа лидери кај победникот, во редовите на Радовиш шест гола имаше Трајчевски.

ПретходноПелистер во победнички ритам, Куманово излезе од криза!
СледноДијамантот одново цел меч на терен: Наполи со гол од пенал во 90+5.минута до победа кај Џенова!