Дијамантот одново цел меч на терен: Наполи со гол од пенал во 90+5.минута до победа кај Џенова!

129
фото: TODOmercadoWEB (X)

Со гол од пенал во 90+5.минута на Хојлунд, шампионот славеше на гости кај Џенова со 2:3. Елиф Елмас го одигра сиот меч и беше еден од подобрите кај гостите, но сепак треба да се каже дека тимот на Антонио Конте се “извлече“ и тоа како. Наполи треба да биде презадоволен од оие трио бода.

Џенова уште во 3.минута од пенал успеа да поведе со голот на Малиновски. Следеше пресврт со два брзи гола на Хојлунд и МекТоминеј за 1:2.

Во 57.минута Коломбо израмни на 2:2, а Наполи во 76.минута остана со играч помалку откако Жезус заработи црвен картон.

И кога се чинеше дека шампионот ќе дојде само до бод, Хојлунд од пенал во петтата минута од судиското продолжение успеа да дојде до победата и трите бода.

ПретходноАлкалоид според планот, деби победа за Алушовски, ГРК Тиквеш сигурен
СледноМЗТ Скопје го расипа дебито на Блажевски!