Шефит Шефити (27), по одличните игри во дресот на Арсими во есенскиот дел, направи трансфер во тимот на Хата во ОАЕ. Клуб кој се натпреварува во елитната лига во Обединтетите Арапски Емирати.
Секако дека ова е голем трансфер за Шефити, пред се од финансиски аспект, ако се знае дека досега тој играше за клубови од Косово и Македонија.
Да потсетиме дека Шефити во есенскиот дел беше убедливо најдобриот фудбалер на Арсими и со постигнати 9 голови заврши како трет стрелец во ПМФЛ, веднаш по Компаоре (Струга ТЛ) и Мато (Вардар).
Инаку тој досега настапуваше во Шкендија, Ренова, Приштина, Беса и Арсими од каде се пресели во Обединетите Арапски Емирати.










