Ѓорческа не успеа во битката за финале, го предаде мечот во вториот сет

77
фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тениска Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на тенискиот турнир во Порто.

Денеска во второто полуфинале, Ѓорческа во вториот дет од дуелот со Американката Кроули го предаде мечот.

Во првиот сет Американката славеше со 7:5, а во вториот натправи предност од 3:0, по што нашата тенисерка не можеше да го продолжи мечот и реши да се повлече. Ова беше уште еден добар настап на Ѓорческа од стартот на годината, но да се надеваме дека не се работи за нешто посериозно, бидејќи ја очекуваат настапи и на следните турнири од календарот за оваа сезона.

ПретходноМуслиу не е потешко повреден, во понеделник ќе се знае колку ќе паузира!
СледноИ Барса крена раце од Суперлигата, Реал остана сам!