Без поголеми проблеми, ракометарите на Бутел ја остварија првата пролетна победа во Суперлигата. Попладнево на гостувањето во Струга, бутелчани славеа со убедливи 24:35.
Во првиот дел гостите направија убедлива предност од 9:20, а во вториот дел имаа шанса да им дадат малку повеќе простор за игра на оние од клупата.
Димитар Узунчев со 9 гола ги предводеше гостите до победа, додека кај Струга се истакна Наум Костов кој постигна 7 погодоци.
Со оваа деветта победа Бутел се искачи на петтото место на табелата, барем до одигрвањето на дуелот меѓу Тиквеш и Радовиш.










