Пелистер продолжи во победнички ритам. Битолчани го запишаа четвртиот триумф во низа, вкупно 11-ти сезонава, откако на гостувањето кај Феникс славеше со 80-95.
После една израмнета четвртина (20-20), Пелистер одигра добро во втората четвртина (13-29) и тука ја направи клучната разлика. До крајот гостинскиот состав искусно го чуваше резултатот за нова и важна победа во ловот на врвот на табелата.
Вилсон постигн 22 поени, ддека Дејвис 21 поен и 10 скока кај победникот.
Куманово конечно излезе од криза. После трите порази во низа, дојде до победа против Ангели на гостински терен од 70-99.
За избраниците на Мартин Докузовски, кои доминираа во текот на целиот меч ова беше осми триумф оваа сезона, имаат и седум порази. Ангели остана на единствената службена победа против МЗТ Скопје, има 14 порази и се наоѓа на дното.
Стевановиќ беше стрелец на 28 поени, додека пак Шуроски запиша 23 поени кај победникот. На другата страна Настовски беше стрелец на 21 поен.










